Германија ја заострува миграциската политика: Ограничување за лицата кои доаѓаат во земјата за социјални бенефиции

January 2, 2026
1 min read

Член на германската коалициска влада, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), чија одговорност е Министерството за внатрешни работи, сака дополнително да ја заостри миграциската политика во 2026 година, вклучително и зголеменото враќање на бегалците во Сирија и Авганистан.

Намалувањето на нерегуларната имиграција и зголемувањето на бројот на депортации е еден од приоритетите на коалициската влада на канцеларот Фридрих Мерц, која ја презеде власта во мај.


„Во 2026 година, мора да започнеме офанзива на депортации со редовни летови до Сирија и Авганистан“, се вели во документот подготвен од претставничкиот клуб на ЦСУ за претстојниот партиски конгрес.

Во него се наведува дека од крајот на граѓанската војна во Сирија, „веќе нема причина“ стотици илјади сириски бегалци кои „ѝ се потребни на нивната татковина“ да останат во Германија.


ЦСУ истакнува дека има се повеќе луѓе кои „одат на одмор“ во Сирија, и бара итно откажување на дозволата за престој на овие лица во Германија. Исто така се залага за органичувања за бегалците од Украина и граѓаните на ЕУ кои доаѓаат во Германија за социјални бенефиции.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски и Бојкоски со началникот на СВР Битола: Мирен дочек на Новата година

Следно

Дон Флорентино со шокантен предлог:„ Даваме пет играчи за него!“

Latest from Blog

Николоски: Имaме големи планови Македонска пошта да стане доминантна на пазарот, започнавме со инвестиции во средства и опрема

Ja консолидиравме Македонскa поштa, државна компанија каде вработените молеа да земат плата со претходната Влада. Сега не само што успеавме да не испуштиме од работа вработени, туку платите и сите законски права

Комерцијална банка, Алкалоид и Универзална Инвестициска Банка со највисок дневен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На првата трговска сесија во новата 2026 година, индексот МБИ10 бележи пад од 0,06%, затворајќи на ниво од

Коњановски и Бојкоски со началникот на СВР Битола: Мирен дочек на Новата година

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески. На средбата стана збор за тоа како поминаа првите два дена
Go toTop