Германија ѝ ги испорача ветените „леопарди“ на Украина

1 min read

Ваквата информација ја потврди и германскиот канцелар Олаф Шолц, велејќи дека земјата ѝ испорачала 18 „леопарди“ на Украина, иако првично Германија објави дека на украинските сили ќе им испорача 14 тенка

Околу два месеца откако Берлин даде зелено светло за испорака на борбени тенкови во Украина, тенковите „леопард“ официјално им се предадени на украинските сили, објави германскиот весник „Шпигел“.

Ваквата информација ја потврди и германскиот канцелар Олаф Шолц, велејќи дека земјата ѝ испорачала 18 „леопарди“ на Украина, иако првично Германија објави дека ќе испорача 14 тенка.

„Да, ги испорачавме тенковите ‘леопард’ како што беше најавено“,

рече Шолц во Ротердам на прес-конференција со холандскиот премиер Марк Руте, пренесоа германските медиуми.

Во извештајот се вели дека Берлин испорачал 18 напредни „леопарди“, а последните тенкови ја напуштиле Германија кон крајот на минатата недела. Се додава дека во Украина се испратени и муниција и резервни делови, две оклопни возила „бафало“ и обучен екипаж од Германија.

„Шпигел“ пишува дека во Украина пристигнале и околу 40 борбени возила „мардер“, додавајќи дека Берлин ја чува во тајност рутата за испорака од безбедносни причини.

На крајот на јануари годинава, официјален Берлин даде зелено светло за испорака на германските „леопарди“ – најнапредните тенкови во светот на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Околу 300.000 бегалци од Украина остануваат во Чешка

Следно

Осомничената во убиството на шест лица во Нешвил, меѓу кои три деца, убиена од полицијата

Latest from Blog