Герасимовски свика итна седница за помош на настраданите во Турција

February 7, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свикал итна вонредна седница на Советот во четврток за доделување хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

Герасимовски, како што информираат од општинската прес-служба, испратил и телеграма со сочувство до турскиот амбасадор во земјава, Хасан Мехмет Секизќок.

-Во моментов кога Вашата земја се соочува со катастрофална несреќа поради серијата земјотреси што го погодија јужниот дел на Турција, сакам вам, на целиот турски народ и на семејствата на настраданите да Ви изразам искрено сочувство, и длабока тага поради изгубените животи и материјалната штета, пишува во телеграмата на градоначалникот.

Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, додава Герасимовски, ќе вложиме максимални напори со Црвениот Крст на Република Северна Македонија да обезбедиме и пратиме помош од секаков вид што во овие услови му е најпотребна на погоденото население.

-Централното градско подрачје на Скопје се уште со болка се сеќава на земјотресот во 1963 година и подадената рака со помош од целиот свет. Токму затоа ќе преземеме се што е во наша моќ барем малку да помогнеме во оваа трагична состојба за турскиот народ, пишува во телеграмата Герасимовски.

Општина Центар негува традиционално добри односи со Република Турција и тамошните општини. Доказ за добрата соработка меѓу останатото, се и збратимувањата со двете општини Бејоглу во Истанбул и Четинкаја во Анкара. Во овие тешки времиња за нашите пријатели во Турција целата помош и поддршка е потребна и исклучително важна.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Објавени снимки од дрон од разурнатите области во Турција и Сирија, бројот на загинати надмина 5 000

Следно

Презентацијата на проектот  „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо 

Latest from Blog

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени
Go toTop