Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен

1 min read

По пријави на граѓани дека има градежни активности на Водно, инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар излегоа на терен.

По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала.

-Како што веќе изјавив, на овој потег додека сум јас градоначалник нема да дозволам градба, а пристапен пат не е предвиден и нема да се гради од причини кои повеќе пати ги образложивме во јавноста. Според информациите, инвеститорот започнал активности за ископ очигледно со цел да ја задржи правосилноста на дозволата за градба, која доколку не започне градежни активности во предвидениот рок по закон ја губи. Но, тоа е сѐ што може да направи, бидејќи градба не може да има доколку нема пристапен пат, за кој како што веќе во повеќе наврати потврдив, општината нема да го гради, кажа Герасимовски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Првпат во историјата папата Франциск им дава на жените право на глас на состанокот на бискупите

Следно

(ВИДЕО) Еден загинат и 23 повредени, меѓу кои и дете, во ракетен напад на украинскиот регион Миколаев  

Latest from Blog