Герапетритис: Работиме за дигитализација на услугите на влезните и излезни точки од Грција

September 2, 2024
1 min read

За подобрување, олеснување и дигитализација на услугите на влезните и излезни точки од Грција, говореше министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата со шефовите на конзуларните претставништва во Солун, а паралелно ја истакна важноста што градот и северниот дел на земјата ги имаат за поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека сакаат Солун да биде мостот меѓу Грција и сите други соседни и пријателски земји, за грчката Влада, како што рече, главен приоритет е градот да стане политички и дипломатски хаб на Балканот, а се осврна и на проектите на кои работат, меѓу кои и напорите за дигитализација на услугите на граничните премини.

-Во минатото постоеја одредени прашања во врска со квалитетот на услугите на влезните и излезните точки, особено во северна Грција, со одредени бирократски тешкотии, со доцнења, главно поради недостаток на персонал и инфраструктура. Во Министерството за надворешни работи сме во фаза во која се обидуваме да го зајакнеме персоналот во соработка со грчката полиција, но и да ја подобриме главно дигиталната инфраструктура на Министерството за надворешни работи за да можеме значително да го надградиме обезбедувањето на овие услуги и повеќето да ги дигитализираме и да го намалиме времето на чекање и обработка на сите овие услуги, рече Герапетритис и додаде дека овие активности се во тек и ќе бидат финализирани во следниот период.

На средбата на Герапетритис со шефовите на конзуларните претставништва во Солун присуствуваше и заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областите Македонија и Тракија, Костас Гулекас.

По средбите и контактите во Солун, министерот за надворешни работи рече дека со Гулекас салкале да истакнат дека северна Грција и Солун „се непосреден и главен приоритет на Владата“, дека нивната желба е конкретниот регион да стане „вистински трговски, туристички и културен центар на туризмот, центар што ќе го обедини поширокиот балкански регион, централна и северна Европа, ќе го обедини Блискиот исток, ќе го обедини целиот Медитеран“.

Додаде дека токму ова им го посочил и на претставниците на странските дипломатски претставништва во Солун и дека „грчката Влада во соработка со соседните земји на Балканот, но и во соработка со сите пријателски земји во странство, ќе работи заедно, за Солун да може да стане вистинска порта за нашиот поширок регион, за Европа и за светот“.

– И геополитички и од причини поврзани со принципите на нашата надворешна политика, сакаме Македонија да биде силна, силна за Грција и силна за светот. Колку се посилни Солун и северна Грција, толку е поголем отпечатокот на нашата земја во Европа и светот и затоа, силната дипломатија, силната национална одбрана, силната економија ќе се спојат, ќе инвестираат во просперитетот на северна Грција и развојот на нашиот Солун, рече Герапетритис.

Министерот за надворешни работи на Грција денеска беше во Солун во пресрет на традиционалниот Меѓународен саем што ќе се одржи од 7 до 15 септември.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин пристигна во Монголија, која може, но нема, да го апси

Следно

Гаши за интерпелацијата: Ова е одраз на демократијата, пратениците да гласаат според своето лично убедување

Latest from Blog

Ханси Флик отпиша тројца играчи на Барселона

Според шпанските медиуми, веќе е јасно кои играчи нема да бидат во плановите на тренерот на Барселона Ханси Флик за следната сезона, а списокот веројатно ќе биде уште поголем. На листата на

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД

И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција. Според објавата на Министерството за

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси сите пацинети со инфлуенца на кои им треба болничко лекување се невакцинирани
Go toTop