„Геноцидниот манијак Нетанјаху сака етнички да ги очисти Палестинците“

1 min read

ЊУЈОРК (АА) – „Израелското бомбардирање на кампот за раселени лица во градот Рафа во јужниот Појас Газа во текот на викендот било намерно“, изјави Рашида Тлаиб, единствената палестинско-американска членка на американскиот Конгрес, известува Анадолу.

„Ова беше намерно. Не убивате случајно голем број деца и нивни семејства повторно и повторно и потоа велите: ‘Тоа беше грешка’“, рече Тлаиб на социјалната мрежа Х.

„Геноцидниот манијак Бенјамин Нетанјаху ни покажа дека сака етнички да ги очисти Палестинците“, рече Тлаиб.

Убиени се најмалку 45 лица, главно жени и деца, а близу 250 се ранети во неделниот израелски напад на кампот за раселени лица во Рафа.

Нападот во неделата се случи во близина на логистичката база на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во Тал ал-Султан.

Нападот предизвика остри осуди од целиот свет во период во кој сѐ погласни се обвинувањата дека Израел им пркоси на повиците да ја запре смртоносната офанзива во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Оваа нова опција на „YouTube“ веројатно ќе израдува многумина: Дали сте ја пробале досега?

Следно

Конституиран новиот парламентарен состав, Гаши избран за претседател на Собранието

Latest from Blog

На денешен ден

– Денеска е Меѓународен ден на студентската младина. 1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден