Генерал Лафчиски е на состанокот на шефовите на генералштабовите на европските земји за Украина во Париз

March 11, 2025
1 min read

„Информираме дека  началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествува на состанокот во Париз, кој ќе се реализира во рамките на парискиот Одбранбен и безбедносен форум, а е во организација на началниците на Генералштабовите на Франција и Обединетото Кралство“, се вели во одговорот на Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на АРМ, на прашањето на Рацин.мк дали началникот генерал-мајорот Сашко Лафчиски е на состанокот на началниците на генералштабовите на европските земји чиј домаќин е францускиот претседател Емануле Макрон.

Од КОЈ уште информираат дека „целта на овој состанок е да се презентираат заедничките размислувања на организаторите“.

Како што е познато, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Париз ќе биде домаќин на началниците на генералштабовите на земјите кои се подготвени да преземат одговорност за Украина и зајакнување на европската безбедност.

Меѓу учесниците има воени претставници од 30 земји од ЕУ и/или НАТО, меѓу кои Велика Британија и Турција. Средбата ќе се одржи во тесна координација со воената команда на НАТО.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стојковска Серафимовска: По 6 години, ја враќаме обврската на Собранието за објавување на Програма за одбележување јубилејни годишнини

Следно

ДУИ промовира успешни резултати од сеопфатните партиски реформи и антикорупциски мерки

Latest from Blog

Мицотакис го поздрави напредокот во разговорите меѓу САД и Украина и порача дека сега Русија мора да одговори

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис доцна синоќа, преку платформата Икс го коментираше напредокот во разговорите меѓу САД и Украина, истакнувајќи дека е значаен чекор кон мир за Украина и посочи дека сега Русија

Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација. -Во текот на вчерашниот ден по објавите во медиумите,

Во САД се одржаа протести за ослободување на палестинскиот студент Махмуд Халил

ЧИКАГО (АА) – По приведувањето на палестинскиот студентски активист Махмуд Халил, кој ги предводеше протестите на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, од страна на федералната полиција, стотици луѓе во Чикаго, Илиноис, како и

Манев во детали објасни како се случило грабнувањето на Панче: Палевски му испука куршум во слепочницата на Панче!

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите. Прв на листата е Велибор Манев кој е обвинет како соизвршител, а на товар му
Go toTop