Гази Баба ќе дава субвенции за вградување на уреди за течен гас или друго алтернативно гориво

February 14, 2023
1 min read

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2023 година.

– Преку субвенции, општина Гази Баба на граѓаните ќе им врати до 50 отсто од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба, информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Општина Гази Баба на ваков начин сака да им помогне на граѓаните да вградат уред за течен гас и други алтернативни горива во возилата, а целта е намалување на загадувањето на воздухот од возилата.

Граѓаните од Општина Гази Баба може да аплицраат на овој ЛИНК.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

SkyShowtime го прославува активирањето во Македонија со понуда за половина цена засекогаш

Следно

(ВИДЕО) Тројца убиени и петмина повредени при вооружен напад во универзитетски кампус во Мичиген, САД

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop