Ганиу и Герасимовски ќе се тркаат за нов мандат, Ѓорѓиевски ќе се бори за Скопје

March 27, 2025
1 min read

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат градоначалниците на општините Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на Чаир Висар Ганиу и на Центар, Горан Герасимовски.

Ги прашавме за локалните избори, а нивните одговори во продолжение:

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу вели дека не знае дали ќе се кандидирам за нов мандат, бидејќи на претходните избори бил „вреќа за боксирање“.

„Јас би посакувал, но сигурно доколку ги поминам тие „препреки“, односно сондажите кои што ќе ги направат како Влен и ако стојам добро на анкетите и ме поддржуваат граѓаните. Моја желба е да завршам со два мандати, на овој вториот мандат бев блокиран како Чаир“, вели Ганиу.

Неговиот колега од Центар пак, Герасимовски е подготвен за нов мандат.

„Инаку ние сме спремни, имаме одлични проекти, имаме подготвена одлична програма доколку одиме на втор мандат и имаме добар капацитет на кадри кои стојат до нас“, вели Герасимовски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски пак претендира да застане на чело на градот Скопје.

Како што вели, на Скопје му се потребни големи реформи а тој е подготвен да ги спроведе.

„Немам што да кријам или ново да додадам. Многу е важно ВМРО-ДПМНЕ да победи во Град Скопје, и повеќе од убеден сум дека ќе победи во прв круг. Она што во наредниот период ќе се спроведува и веќе се прави е сондирање и анкети на мислењето на граѓаните, тој е процес за кој верувам дека ќе ја добијам поддршката на граѓаните. Искрено сум убеден дека би имал одличен рејтинг на анкетите“, вели Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меморандум за соработка меѓу АТС Груп и турската МКЕ кој вклучува отворање на фабрика за производство на барут во земја

Следно

Потпишан Меморандум меѓу турската МКЕ и АТС Груп од Северна Македонија за соработка во одбранбената индустрија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop