Француската полиција на утрешните протести ќе користи дронови за разузнавачки и надзорни задачи

April 30, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Началниците на полицијата во Франција добија инструкции да користат дронови за собирање разузнавачки податоци во најавените масовни демонстрации против владината реформа на пензискиот систем, пренесува Анадолу.

Протестите се најавени за утре, а весникот „Фигаро“ објави дека министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин им наредил на полициските началници да користат беспилотни летала за разузнавачки цели.

Министерот побарал од полициските началници да присуствуваат на протестите и да останат во контакт за да се смират потенцијалните тензии меѓу полициските службеници и демонстрантите.

За утрешните протести во Франција ангажирани се 12.000 полицајци, од кои 5.000 во главниот град Париз, каде што ќе се одржат протести против зголемувањето на старосната граница за пензионирање за две години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот фестивал на технологија и воздухопловство, ТЕХНОФЕСТ, го посетија голем број странски официјални претставници

Следно

Пленковиќ и Брнабиќ во Загреб разговарале за сите отворени прашања: Треба да ги решаваме со дијалог  

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп подготвен за големото чествување на Свети Никола

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати покана до граѓаните да присуствуваат на централното одбележување на Градската слава и патрониот празник на градот – Свети Никола. Оваа година се одбележуваат 20 години од

Мал авион се урна во Мавровско Езеро

Мал авион се урна во Мавровско Езер. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. „Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК

Фото: Што се случи со лицето на Бредли Купер

Холивудскиот шармер сега изненади со своето појавување на премиерата на „Is This Thing On“ во Њујорк, но овој пат, фокусот не беше на неговата младост, туку на гребнатинките на неговото лице. Според
Go toTop