Франција пресретна руски танкер во Атлантикот; Макрон: „Ова е само почеток“

June 1, 2026
1 min read

Француската морнарица се качи на уште еден руски танкер за нафта викендов за време на операција на отворено море во Атлантикот, со поддршка на неколку партнери, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, изјави претседателот Емануел Макрон.

Според Атлантската поморска администрација, пресретнувањето на танкерот што доаѓаше од Мурманск, Русија, се случило на повеќе од 400 наутички милји (740 км) западно од ‘ртот Бретања. По качувањето, прегледот на документите ги потврди сомневањата за неправилно истакнување на знамето, а случајот беше проследен до јавниот обвинител во Брест.

Бродот во моментов е придружуван од француски воени бродови за понатамошни проверки. Макрон рече дека е неприфатливо бродовите да ги заобиколуваат санкциите, да го кршат поморското право и да ја финансираат војната на Русија против Украина, нагласувајќи дека ваквите бродови претставуваат закана и за животната средина и за безбедноста.

Пресретнувањето на танкерот „Тагора“ е четвртиот ваков случај на Франција, по операциите на бродовите „Дејна“, „Гринч“ и „Боракај“. Сите претходно беа приведени, а потоа ослободени откако платија казни.

Франција најави построги казни за прекршувања на знамето и пловидбата. Руската амбасада во Париз објави Капетанот на бродот Тагор, кој беше запрен и задржан од француската морнарица во Атлантскиот Океан, е руски државјанин, објави денес руската амбасада во Париз, додавајќи дека побарала информации од француските власти во врска со државјанството на членовите на екипажот на бродот, пренесува ТАС.

Во меѓувреме, руската агенција РИА Новости објави дека надлежните француски институции не ја информирале Русија за своите постапки во врска со танкерот Тагор, кој наводно испловил од Русија, и бил задржан во Атлантикот бидејќи, како што се претпоставува, испловил од Мурманск под лажно знаме.

„Севкупно, немаше известување од француска страна за дејствија поврзани со овој брод“, потврди руската амбасада за РИА Новости.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охридското Езеро не е депонија: Нуркачите вадат огромни количини отпад

Следно

Коњановски му посака добредојде на Лино Червар во Битола

Latest from Blog

ВЛЕН: Уште еден поранешен министер на ДУИ без резултати за студентите

Коалицијата ВЛЕН упати критики кон поранешниот министер за правда Билен Салији, обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат не презел конкретни чекори за воведување на правосудниот испит на албански јазик. Од

САД извршија НАПАДИ ВРЗ ИРАНСКИ ВОЕНИ ЦЕЛИ

Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, оценувајќи дека станува збор за одбранбена акција преземена како одговор на неодамнешното соборување на американско беспилотно летало. Централната команда на
Go toTop