Францускиот амбасадор во Приштина најави последици доколку не се почитуваат договорите од Охрид и Брисел

1 min read

Францускиот амбасадор во Косово Оливие Геро изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ „ќе ги сносат последиците“ доколку не ги почитуваат договорите што ги постигнаа во Брисел и Охрид.

„Внимателно ќе го следиме почитувањето на овие договори. Ќе има последици доколку не се почитуваат овие договори, треба да се знае дека тоа беше најдобриот можен договор, ние сме на пат кон нормализација и нашата цел е целосна нормализација“, рече Геро во интервју за РТК, пренесе Бета.

Тој додаде дека нема да го разјаснува прашањето за употребените термини и дека нема нејаснотии или двосмисленост околу спроведувањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Бајден го потпиша законот за транспарентност за потеклото на пандемијата на коронавирусот

Следно

Започнува изградбата на Мега паркот во општина Чаир

Latest from Blog