(ФОТО) Поплави во југозападна Хрватска, евакуирано население, прекини во струјата

1 min read

Закани за излевање на Сава во Загреб треба да дојде во среда, на 17 мај, кога реката може да се излее и да го поплави подрачјето до насипот, но тоа нема да предизвика поголеми проблеми за граѓаните, велат од Одделението за водостопанство

Постојаните врнжи од дожд во делови од Хрватска предизвикаа излевање на реката Зрмања преку заштитниот ѕид во областа на градот Обровац, а реката Отуча се излеа од коритата во општина Грачац на југозападот на Хрватска. Во овие делови од Хрватска испратени се пожарникари и припадници на планинарската спасувачка служба кои со чамци помагаат во евакуацијата на жителите.

Од планинарската спасувачка служба велат дека во центарот на општина Грачац водата навлегла во многу куќи и дека четири семејства се евакуирани.

Раководителот на Цивилната заштита на општина Грачац, Наталија Турбиќ, рече дека поплавата настанала поради излевање на реката Отуча, издигнување на подземните води и обилните врнежи од дожд, а голема површина од општината што е на пониско ниво е под вода.

На социјалните мрежи Задарската жупанија утрово сподели фотографии од Обровац каде е поплавено дел од старото јадро на градот, приземјето на општинската зграда и дел од деловните простории, но засега не е поплавен ниту еден станбен објект.

„Сите оперативни сили предводени од противпожарните бригади, Штабот за цивилна заштита на Грачац и Обровац и претставниците на Цивилната заштита на Задарската жупанија и локалните жители вложуваат максимални напори во одбраната од поплави. Состојбата во областа Грачац утрово малку се смирува, реката Отуча се врати во своето корито. Пожарникарите и членовите на ХГСС и Црвениот крст сè уште работат на испумпување на водата и давање помош на населението“,

изјави шефот на Штабот за цивилна заштита на округот Задар, Шиме Вицковиќ.

Тој додаде дека елементарна непогода ќе биде прогласена доколку штетата е на ниво на законски минимум и дека Жупанијата е секогаш подготвена да даде поддршка.

Хрватските медиуми пренесуваат дека градот Обровац синоќа е останат без струја, додека состојбата во Бенковац е под надзор, а пожарникарите се уште ја испумпуваат водата во Лишани.

Директорот на Одделението за водостопанство за Горна Сава, Томислав Сутон, рече дека закани за излевање на Сава во Загреб треба да дојде во среда, на 17 мај, кога реката може да се излее и да го поплави подрачјето до насипот, но тоа нема да предизвика поголеми проблеми за граѓаните.

„Моменталното ниво на реката Сава во Загреб е плус 60 сантиметри и ништо не се заканува. Во вторник и среда очекуваме врнежлив период кога попладне треба да дојде врвот на водениот бран“,

изјави Сутон за Хрватската радио телевизија.

Тој вели дека во моментов најкритични се насипите на Сава во областите Сисак и Петрин, бидејќи е во тек нивната санација.

Сутон најави дека ќе се преземат мерки на претпазливост бидејќи за вторник на 16 мај се најавени поројни дождови.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Судир на камион и патничко комбе на автопат во Мексико, загинаа најмалку 13 лица

Следно

За Погба сезоната заврши

Latest from Blog