ФОТО: Осумгодишниот Југит помина 52 часа под урната зграда во Турција

February 8, 2023
1 min read

Во солзи го чекаше неговата мајка, која Јигит силно ја прегрна откако спасувачите во раце го однесоа кај неа

Осумгодишниот Југит по 52 часа жив и здрав беше извлечен од под урнатините во Турција / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Непрекинато тече спасувачката акција во Турција за извлекување на погодените од земјотресите што во понеделникот го погодија југоистокот на земјата.

Една од приказните која заврши со среќен крај и денеска го обиколува светот е извлекувањето на осумгодишниот Јигит Чакмак.

Осумгодишниот Југит по 52 часа жив и здрав беше извлечен од под урнатините во Турција / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Детето помина дури 52 часа под урнатините од зграда во провинцијата Хатај, а денеска беше извлечен жив и здрав. Во солзи го чекаше неговата мајка, која Јигит силно ја прегрна откако спасувачите во раце го однесоа кај неа.

По извлекувањето, осумгодишниот Југит ја прегрна мајка си која плачеше од среќа / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Билансот од разорните земјотреси во Турција и Сирија се менува од минува во минута. Последните бројки говорат дека во двете држави загинаа над 11 000 лица, а над 50 илјади се повредени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Сите можности се мобилизирани по земјотресот“

Следно

Советот на Град Скопје додели шест милиони денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Latest from Blog

60-годишна жена во Карпош, со тешки повреди однесена во болница

60-годишна жена е жртвата која беше прегазена во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на крстосницата меѓу скопските населби Карпош 2 и Карпош 3, кај Педагошката академија, соопшти денеска МВР. Ја прегазил

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop