Форум во Давос: Климатските промени во наредните децении се закануваат со смрт на милиони луѓе

January 16, 2024
1 min read

Климатската криза е во центарот на вниманието додека Светскиот економски форум оваа недела го одржува својот годишен состанок во Давос, Швајцарија.

Климатската криза се најде на врвот на листата во однос на најголемите ризици во следната деценија. Само минатата недела, Службата за климатски промени на ЕУ, „Коперник“, откри дека 2023 година била најтоплата година досега со големи импликации за одржување на глобалното затоплување под 1,5 степени Целзиусови.

Последиците од климатските промени во наредните децении веќе се смртна закана за неколку милиони луѓе и жив свет ќе предизвикаат сериозни болести и високи трошоци за здравствените системи, се вели во извештајот објавен денеска во Давос, пишува Euronews.

Климатските промени еден од најголемите ризици за човештвото

Иако лажните вести и дезинформациите се сметаа за најголеми непосредни ризици, половина од најтешките закани во следните 10 години се еколошки. Тоа вклучува екстремни временски настани, критични промени во системите на Земјата, губење на биолошката разновидност и колапс на екосистемот и недостиг на природни ресурси.

Авторите на студијата анализирале шест клучни последици од климатските промени: поплави, суши, топлотни бранови, тропски бури, шумски пожари и пораст на нивото на морињата.

При тоа, како непогода од највисок ризик се посочени поплавите.

Според проценките, само поплавите би можеле до 2050 година да предизвикаат 8,5 милиони смртни случаи – не само директно, туку и индиректно, поради штетите на посевите, зголемувањето на заразните болести и поголемата влажност, што може да предизвика респираторни заболувања.

Азиско-пацифичкиот регион, со неговите густо населени крајбрежни региони, најверојатно ќе го сноси најголемиот товар.

Авторите очекуваат втората највисока стапка на смртност од 3,2 милиони смртни случаи да биде предизвикана од суши – првенствено поради долгорочните ефекти од опаѓањето на квалитетот на водата и помалку плодната почва врз смртноста на децата.

Според извештајот, топлотните бранови би можеле да предизвикаат 1,6 милиони смртни случаи до 2050 година, особено кај постарите луѓе.

Извештајот предвидува и зголемување на бројот на болести и случаи на инвалидитет при работа. Повисоките температури, на пример, може да предизвикаат значително ширење на комарците, поради што инфекциите со маларија, денга и зика ќе бидат почести во Европа и во САД.

Според студијата, регионите во Африка, Блискиот Исток и Азија би биле особено погодени од здравствените последици од климатските промени.

Во студијата се додава дека климатските промени би можеле да предизвикаат до 14,5 милиони смртни случаи во светот до 2050 година. Здравствените системи ќе мора да сносат дополнителни трошоци во вкупна вредност од 1,1 трилиони долари.

Сепак, како што растат длабоките меѓународни поделби во сè понеизвесниот свет, соработката за глобалните закани, како што се климатските промени, веројатно нема да стане полесна, пишува Euronews.

 

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирак упати протестна нота до Иран по нападите на Ербил

Следно

Турскиот министер Фидан: „Настаните во регионот навестуваат дека војната во Газа ескалира во поширок вител“

Latest from Blog

Средба Ердоган-Санчез: Крај на угнетувањето во Палестина ќе се стави преку заеднички напори

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека приоритет на Турција е испораката на хуманитарна помош во Газа и изрази увереност дека на угнетувањето во Палестина ќе се стави

Германија: 12 повредени во напад со нож на железничка станица во Хамбург

БЕРЛИН (АА) – Дванаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, соопштија вечерва германските власти, јавува Анадолу. Полицијата потврди дека осомничената, 39-годишна жена, е уапсена на

Мицкоски: Време е сите граѓани без разлика на етничка припадност, заедно да изградат општество на еднаквост и соживот

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил сподели објава во која напиша дека присуствувал на настан по повод 23 мај, денот на влашката заедница и додаде дека е време сите граѓани без

ЕУ ќе ја зајакнува македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

Поддршката од ЕУ, но и нашите сојузници се должи на нашата искрена посветеност, подготвеност и професионалност да одговориме на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. ЕУ ја препозна
Go toTop