Фон дер Лајен ќе се сретне со британскиот крал Чарлс

February 27, 2023
1 min read

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретне и со кралот Чарлс за време на нејзината посета на Велика Британија за да ги финализира преговорите со британската влада за новиот договор за трговските правила за Северна Ирска по Брегзит.

Комисијата потврди дека Фон дер Лајен ќе се сретне и со кралот Чарлс.

„Кралот е среќен што ќе се сретне со кој било светски лидер што ќе ја посети Велика Британија, а владата советува да го стори тоа“, рече портпаролот на Бакингемската палата.

За време на посетата Фон дер Лајен ќе разговара со премиерот Риши Сунак, по што се очекува да објави нови трговски услови за решавање на спорот за Северна Ирска.

Портпаролот на Комисијата рече дека тема на средбата со Сунак ќе биде протоколот за Северна Ирска, додека средбата со кралот „не е дел од тој процес“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Хаосот на патиштата во Далмација продолжува, пропуштањето возила привремено стопирано

Следно

Вработени во МВР со над 150 часови прекувремена работа во 2022 година наскоро ќе добијат бонус средства

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop