Фон дер Лајен и Ердоган разговараа за односите ЕУ-Туркије и за Газа

November 7, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да дискутираат за односите меѓу Туркије и ЕУ и израелските напади врз Палестина, јавува Анадолу.

„На состанокот се зборуваше за односите меѓу Туркије и Европската Унија и нападите на Израел врз Палестина“, напиша Директоратот за комуникации на Туркије на социјалната мрежа X.

Тие се состанаа во рамките на 5. Самит на Европската политичка заедница во унгарскиот главен град Будимпешта.

„Посилното партнерство меѓу ЕУ и Туркије ќе биде од корист за нашиот заеднички регион. Можеме да се залагаме за мир, просперитет и безбедност преку границите“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа X.

Таа додаде дека таквиот сојуз ќе донесе предност не само на дипломатско ниво, туку и за луѓето од двата региона.

Европските лидери се собраа во Будимпешта на Петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што разговараа за глобалните прашања, вклучително и за Украина и Блискиот Исток.

Домаќин на Самитот е унгарскиот премиер Виктор Орбан, а присутните ќе разговараат и за нерегуларната миграција и прашањата поврзани со економската сигурност на Европа.

Официјалните претставници од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и другите земји се очекува да разговараат и за односите меѓу ЕУ и САД по победата на поранешниот претседател Доналд Трамп на изборите за втор претседателски мандат.

Орбан и албанскиот премиер Еди Рама ќе одржат прес-конференција по средбата.

Европската политичка заедница е основана во 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Фокусирани сме на реализација на реформите и на напредокот на европскиот пат

Следно

Македонските фудбалерки против Косово и Летонија во Лигата на нации

Latest from Blog

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Основка од скопската населба Бит Пазар била жртва на уцена од страна на свои соученици, кои ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, дете со здравствени проблеми, доколку не

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на

Високата претставничка на ЕУ, Калас, и министрите за надворешни работи на ЕУ во посета на Украина

КИЕВ (АА) – Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ пристигнаа во Лавов, Украина, известува Анадолу.
Go toTop