Флик би можел да се врати во Баерн

April 21, 2024
1 min read

Германскиот фудбалски стручњак Ханс-Дитер Флик е подготвен да се врати во Баерн, објавија некои тамошни медиуми.

Новинарите Патрик Штрасер и Максимилијан Кох пишуваат дека Флик се смирил со почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес и е подготвен да се врати во клубот.

Педесет и деветгодишниот Флик се повлече од тренерската функција во Баерн во 2021 година. Медиумите пишуваат дека една од причините се конфликтите со раководството на клубот околу трансферите.

Актуелниот тренер Томас Тухел ќе ја напушти функцијата по крајот на тековната сезона.

Се дознава дека за Германецот е заинтересирана и Барселона која е во потрага по замена за Чави, кој на лето ќе ги напушти Каталонците.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„КРАФТВЕРК“ ЌЕ ИМА КОНЦЕРТ ВО БАРОКНАТА ОПЕРА СЕМПЕР ВО ДРЕЗДЕН

Следно

„Синан рече дека ќе ме проколне“: Вдовицата на Сакиќ откри дел од тестаментот, синот им ги загорчил животите

Latest from Blog

Конор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ

Комор Мек Грегор сака да се врати во УФЦ. А првиот чекор е веќе направен. Тој се согласи повторно да се приклучи на програмата за допинг тестирање. Ова значи дека сериозно размислува

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно
Go toTop