Фирма на Трамп треба да плати 1,6 милиони долари казна за даночна измама

January 13, 2023
1 min read

Казната, која ја нареди судијата Хуан Меркан од кривичниот суд на Менхетен, е максимумот што судијата можеше да го изрече за овој случај

Компанија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска во Њујорк е казнета со 1,6 милиони долари, поради долгорочни практики за затајување данок, а ова е единствената кривична пресуда поврзана со Трамп досега. Казната, која ја нареди судијата Хуан Меркан од кривичниот суд на Менхетен, е максимумот што судијата можеше да го изрече за овој случај.

Според Си-ен-ен, организацијата на Трамп, која вклучува два ентитети, е осудена по 17 обвиненија, вклучувајќи даночно затајување и фалсификување деловни документи. Компанијата не е во опасност да биде затворена, бидејќи не постои таков механизам,

По изрекувањето на пресудата, Организацијата „Трамп“ остана на ставот дека не направила ништо лошо и рече дека ќе се жали на пресудата.

„Овие политички мотивирани обвинители нема да запрат пред ништо за да го добијат претседателот Трамп и да продолжат со бескрајниот лов на вештерки што започна на денот кога тој го објави своето претседателствување“,

се вели во соопштението од компанијата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Милошоски: Во Собранието постојат незадоволни пратеници од власта кои се за предвремени парламентарни избори

Следно

Бајден на 7 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата и општата политика

Latest from Blog

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“

Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор сака да ја продолжи кариерата во шампионатот на Саудиска Арабија, објави новинарот Ромен Молина на социјалните мрежи. Според Молина, Винисиус и неговите застапници ги привлекуваат сумите

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството, посочи премиерот Христијан
Go toTop