Финска најверојатно ќе влезе во НАТО пред нас, вели шведскиот премиер

March 14, 2023
1 min read

Иако нагласија дека ќе станат членки во НАТО во исто време, сега шведскиот премиер Улф Кристерсон признава дека не е исклучено одлуките за прием на двете земји да бидат ратификувани во различни фази. Додаде дека конечната одлука е во рацете на Турција и дека Шведска е подготвена да прифати прва во Алијансата да влезе Финска

Финска најверојатно ќе му се приклучи на НАТО пред Шведска поради противењето на Турција, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон на денешната прес-конференција во Стокхолм.

Шведскиот премиер признава дека не е исклучено одлуките за прием на Шведска и Финска да бидат ратификувани во различни фази

Кристерсон рече дека пред Самитот на НАТО во Мадрид во јуни е јасно дека патот на Финска до членство во Алијансата е полесен од оној на Шведска и оти е сè поизвесно дека Финска ќе биде прва што ќе влезе во НАТО.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО минатата година откако Русија ја нападна Украина, но особено Шведска се соочи со неочекувани приговори од Турција. Анкара го обвинува Стокхолм дека засолнува членови на терористички групи и бара нивна екстрадиција како чекор кон давање зелено светло на Шведска за членство во НАТО.

Откако ја објавија својата намера да се приклучат на Алијансата во мај минатата година, Финска и Шведска нагласија дека ќе станат членки на НАТО „рака под рака“ во исто време.

Сепак, шведскиот премиер признава дека не е исклучено одлуките за прием на Шведска и Финска да бидат ратификувани во различни фази. Додаде дека конечната одлука е во рацете на Турција и дека Шведска е подготвена да прифати прва во Алијансата да влезе Финска.

„Во суштина, не е прашање дали Шведска ќе стане членка на НАТО, туку кога“,

рече шведскиот премиер.

Сите 30 земји членки на НАТО мора да го одобрат новото пристапување кон Алијансата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костовски: Арсовска во кампањата им вети на луѓето дека нема се гради улица, туку ќе се изгради парк

Следно

Бектеши: Пензиите во март ќе се зголемат за 8,4 проценти

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop