Фидан: Туркије го чека денот кога извршителите на масакрот во Газа ќе одговараат пред суд

April 30, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије со нетрпение го очекува денот кога „извршителите на масакрот“ во Газа ќе бидат изведени пред лицето на правдата, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, известува Анадолу.

„Со нетрпение го чекаме денот кога сторителите на масакрот ќе одговараат пред суд“, напиша Фидан на платформата Х.

Тој додаде дека Анкара ќе продолжи да ги поддржува Палестинците и ќе инсистира оние што стојат зад „масакрот во Газа да бидат кривично гонети“.

„Израелските власти, кои сè уште не го почитуваат меѓународното право и сите хуманитарни вредности, одамна се осудени од светската јавност“, додаде Фидан.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Оттогаш во нападите на Израел врз Појасот Газа убиени се повеќе од 34.454 Палестинци, претежно жени и деца, а над 77.575 се повредени во услови на масовно уништување и голем недостиг на неопходни работи.

Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според податоците на Обединетите нации, израелските напади врз палестинската енклава принудија 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Проширувањето на ЕУ и владеењето на правото – теми на неформалниот европски Совет за општи работи

Следно

Пендаровски: На 8 мај имајте ги предвид иднината на вашите деца и младите

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop