Светската автомобилска федерација (ФИА) на своите социјални мрежи ги објави казните за пцуење што беа воведени на почетокот на оваа сезона.
Според првичните прописи, казната за првиот прекршок можеше да биде 40.000 евра, додека за секој следен прекршок можеше двојно да се наплати.
Но, сега казните се драстично намалени, па казната за лош збор е „само“ 5.000 евра, но тоа нема да биде случај за некои „многу сериозни прекршоци“ кои можат да бидат строго санкционирани.
Казните, логично, ќе бидат повисоки ако возачите кажат или направат нешто несоодветно, на пример на прес-конференција, каде што таквите постапки не можат да се оправдаат со висок адреналин.
Ова особено ќе му се допадне на Макс Верстапен, кој во последно време имаше многу казни за навредливи зборови, особено минатата сезона.
Извор: kurir.mk