ФФМ со најстроги казни по инцидентот во Слупчане

October 29, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија изрече доживотна суспензија за двајца фудбалери на ФК Беса Слупчане, поради физички напад врз противнички играч по завршување на натпреварот со ФК Аеродром во рамки на 8. коло од Третата лига – Север.

Како што информира ФФМ, дисциплинскиот комесар донел одлука за доживотна забрана за настап за Орхан Демири (32) и Ердин Арифи (18) од Беса, поради физички напад и обид за линч на противничкиот голман.

Клубот од Слупчане доби и дополнителни санкции – суспензија на домашниот терен на 10 натпревари и парична казна согласно Дисциплинскиот правилник на федерацијата.

 

„Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот. Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што тепаат и го нарушуваат угледот на спортот“, стои во соопштението на ФФМ.

Инцидентот се случил по завршувањето на натпреварот, во кој гостинскиот тим Аеродром славеше со 2:1 во Слупчане. Министерството за внатрешни работи потврди дека двајцата фудбалери биле приведени веднаш по нападот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Сити радио добитник на признанието „Златни РАБ Србија“

Следно

Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност

Latest from Blog

САД му ги укина санкциите на Додик

Санкциите беа укинати за Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници. Во петок, 17 октомври, OFAC ги укина санкциите за четворица блиски соработници на Додик, кои

Навивачите во обид да го спасат Шефилд Венздеј

Навивачите на тимот на Шефилд Венздеј одлучија да го спасуваат клубот, кој што и официјално прогласи банкрот. Купија 9000 сезонски билети, па така што, мечот против Оксфорд со вкупно 28.000 гледачи беше

5 работи во домот кои привлекуваат богатство

Домот е вашата енергетска оаза, а според фенг шуи, овие 5 работи мора да ги имате во домот затоа што привлекуваат богатство. Повеќето луѓе имаат безброј предмети, фигури и слики во своите

Трајановски: Нови клучки на експресниот пат Крива Паланка – Страцин за подобар пристап и поголема безбедност

По пуштањето во употреба на делницата Крива Паланка – Страцин, се јави потреба од дополнителни клучки за подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Токму затоа денеска со мојот тим од ЈПДП, заедно
Go toTop