Сити радио добитник на признанието „Златни РАБ Србија“

October 29, 2025
1 min read

Во периодот од 26 до 28 октомври на Златибор се одржа јубилејното,
30. Издание на собирот „Радио денови“ во организација на здружението РАБ Србија.
Овогодинешниот собир под слоганот „Радио – глас кој трае“ повторно на едно место
ги собра радиските професионалци од Србија и регионот.

Во рамки на тридневниот настан се одржаа панели,
работилници и предавања посветени на иднината на радиото во дигиталното доба –
од иновација до одржливост, до употребата на вештачка интелигенција во
новинарството и продукцијата. Особено внимание привлекоа темите за развој на
поткастите и новите начини на допир до публиката.

„Радиото не е само музички плеер – тоа информира,
образува и создава своја содржина. Силата на радиото е во неговата способност да
се прилагодува и опстанува“, порача претседатеделката на РАБ Србија Маја Раковиќ.

Инаку, по повод организирањето на 30. Радио денови, РАБ
Србија со доделувањето на признанијата „Златен РАБ Србија“ награди поединци и
организации кои со години несебично го потпомагаат и поддржуваат овој медиумски
настан. Еден од добитниците е и Ѓорги Савев од македонскотСити радио.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола продолжува со поставување фотоволтаици во училиштата

Следно

ФФМ со најстроги казни по инцидентот во Слупчане

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop