ФБИ прогласи војна со американски католици, па се повлече

1 min read

Документот под наслов „Интерес за расно или етнички мотивирани насилни екстремисти во радикалната традиционалистичка католичка идеологија како нова можност за ублажување“ беше објавен од поранешен агент на ФБИ откако го добива од свиркач.

Во документот од 23 февруари се тврди дека извештајот на ФБИ „се потпира на претпоставката дека (расно или етнички мотивирани екстремисти) ќе продолжат да ја сметаат (радикално-традиционалистичката католичка или РТЦ) идеологија за привлечна и ќе продолжат да се обидуваат да се поврзат со следачи на РТЦ, како виртуелно преку социјалните мрежи, така и лично на религиозни локации.“

„РТЦ обично се карактеризира со отфрлање на Вториот ватикански совет (Ватикан II) како валиден црковен совет; презир за најголем дел од папите избрани по Ватикан II, посебно папата Францис и папата Јован Павле Втори; и честа склоност кон анти-семитска, анти-имигрантска, анти-ЛГБТКЈУ, и бела супремацистичка идеологија,“ пишува во официјалниот меморандум на ФБИ.

Според бирото радикално-традиционалистичките католици преставуваат само мало малцинство во споредба со римокатоличките следбеници и се посебни и поразлични од „традиционалните католици“ кои ја претпочитаат традиционалната латинска миса и учењата и традициите пред Ватикан II „но без поекстремистички идеолошки верувања и насилна реторика.“

Информациите на кои се базира меморандумот потекнуваат од СПЛЦ (Southern Poverty Law Center) кој беше осудуван затоа што на листата на групи за омраза го наведе Американскиот колеџ на педијатри, рамо до рамо со групи како ККК или Исламската нација.

Поранешниот агент на ФБИ кој го објавува документот коментира дека брифинзи од СПЛЦ со години не се легитимна основа во ФБИ, и дека „вистински разузнавачки производ ќе го цитира СПЛЦ и ќе наведе дека наодите се неосновани“.

По целата галама ФБИ излезе со соопштение дека внатрешниот документ е повлечен од циркулација и дека истиот „не ги задоволил постојните стандарди на ФБИ“:

„ФБИ е посветен на издржани аналитички техники и истражување и спречување на дела на насилство и други злосторства додека истовремено се придржува до уставните права на сите Американци и никогаш нема да спроведе истражни активности или да отвори истрага базирана исклучиво на активност заштитена од Првиот амандман.“

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Според Брнабиќ главен предуслов за Брисел е воведување санкции за Русија, додека за Белград е формирањето ЗСО во Косово

Следно

Жена спасена од под урнатините 107 часа по земјотресите во Туркије

Latest from Blog