Еве како власта го штити македонскиот јазик: Националната галерија најавува изложба само на албански јазик

May 15, 2023
1 min read

Пред неколку дена бевме сведоци на помпезното и лажно рекламирање на Бисера Костадиновска-Стојчевска за наводната афирмација на грижата и заштитата на македонскиот јазик по повод Денот на македонскиот јазик – 5 мај.

Но, на 4 мај во Националната галерија на Македонија е отворена изложба на Исмане Мехди, внука на Решат Амети, кој воедно е член на Управниот одбор на установата, а самостојната изложба беше најавена со рекламен материјал кој воопшто не содржи информации на македонски јазик, односно плакатот што е истакнат во Националната галерија на Македонија е само на албански јазик.

Иако станува збор за вонпрограмска изложба, Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Зошто директорката, како и Управниот одбор на Галеријата, дозволуваат да биде поставен таков плакат во национална установа? Зошто, спротивно на ова, кога изложуваат автори кои не се од албанска етничка припадност, редовно се принудени да имаат текст, легенди на делата и пропратни информации и на албански јазик? Зошто се бара употреба на албанскиот јазик дури и за вонпрограмски активности, кои авторите сами си ги финансираат? Зошто законот за јазици на кој се повикуваат, важи само за Македонците, а истиот не важи и за Албанците? И конечно, прашуваме: Во која држава и на која Национална галерија е директор Дита Старова-Ќерими?

Со ваквиот игнорирачки став кон македонскиот јазик се задава директен удар и на Уставот и на постоечките закони. Заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик не е само формална еднодневна илуминација на собраниската зграда со проектори. Зад таа шарена светлосна завеса се крие осмислено, подмолно и жестоко атакување врз македонскиот јазик како службен на целата територија на Република Македонија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПЕТАР МИРЧЕВСКИ И ПЕТАР ТЕМЕЛКОВСКИ СО НАГРАДИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“, 9 ПРЕТСТАВИ ВО ГЛАВНАТА СЕЛЕКЦИЈА

Следно

Џулијан Асанж, битката која не смееме да ја изгубиме

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop