Еурактив за првиот круг од претседателските избори

1 min read

Националистичката кандидатка во Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, извојува победа во првиот круг од претседателските избори, првиот во серијата гласања што би можеле да одлучат дали балканската земја ќе се приклучи на Европската унија, пишува Еурактив во извештај за изборите потпишан и од АФП и Ројтерс.

Порталот информира дека според Државната изборна комисија, со преброени 90 отсто од гласовите, Силјановска-Давкова, која е поддржана од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, извојувала победа со речиси 40 отсто.

Таа е далеку пред претседателот Стево Пендаровски од владејачките централно-левичарски Социјалдемократи (СДСМ), кој освои близу 20 отсто од гласовите. Двајцата ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, но изгледите за Пендаровски не се добри, наведува Еурактив и потсетува дека истиот ден ќе има и парламентарни избори.

Извор: alsat.mk

Претходно

„НЕ ТИ КАЖАВ, АМА ТИ ЗНАЕШЕ ДЕКА МИ БЕШЕ ИДОЛ“: Се огласи ќерката на Џаро, вака се прости Милица од својот татко (ФОТО)

Следно

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Latest from Blog