ЕУ: Русија да ги почитува обврските од СТАРТ

February 22, 2023
1 min read

Службата за надворешна политика на ЕУ изрази жалење за одлуката на Русија да го прекине учеството во СТАРТ, бидејќи, според нејзиното мислење, тоа ја поткопува безбедносната архитектура во Европа

Европската Унија ја повика Русија да ги исполни своите обврски од Договорот за намалување и ограничување на стратешкото оружје (СТАРТ) и да им дозволи на САД да ги проверат нивните нуклеарни арсенали опфатени со договорот, се вели во соопштението на службата за надворешна политика на ЕУ.

„ЕУ ја повикува Русија да ги исполни своите обврски од СТАРТ, со поедноставување на инспекцијата предвидена со СТАРТ на руска територија и со учество во Билатералната консултативна комисија во рамките утврдени со договорот“,

се наведува во документот.

Како што потсетува Спутник, минатата есен Русија на неодредено време го одложи состанокот на руско-американската консултативна комисија, на која, меѓу другото, се утврдуваат роковите за натамошни инспекции.

Службата за надворешна политика на ЕУ изрази жалење за одлуката на Русија да го прекине учеството во СТАРТ, бидејќи, според нејзиното мислење, тоа ја поткопува безбедносната архитектура во Европа.

„Со зголемување на предвидливоста и взаемната доверба меѓу двете најголеми нуклеарни сили, овој договор го ограничува стратешкото ривалство и ја зголемува стратешката стабилност“,

се вели во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин во вчерашното обраќање пред Федералното собрание рече дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за стратешко офанзивно оружје.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 211 казни во Скопје, 81 од нив се за брзо возење

Следно

Седница на Уставен суд

Latest from Blog

Изгласан Законот за средно полициско училиште

Собранието вечерва на продолжение на 67. седница го донесе Законот за средно полициско училиште. За законот што беше усвоен со Бадентерово мнозинство, расправата беше завршена претходно. Со него се воспоставува правна рамка

Димовски: Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици што се пред нас

Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и
Go toTop