ЕУ подготвува нови санкции поради руската војна против Украина

May 8, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Претставниците на Европската Унија (ЕУ) ќе разговараат за новите санкции поврзани со руската војна против Украина, при што Европската комисија подготви нов пакет, објави официјален претставник денес, јавува Анадолу.

Говорејќи на дневниот брифинг, главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер, потврди дека извршното тело на ЕУ до земјите членки испратило предлог за 11-тиот пакет санкции.

„Амбасадорите на ЕУ ќе разговараат за предлогот во среда“, додаде тој.

„Овој пакет ќе се фокусира на спроведувањето на санкциите, нивната ефикасност и како да избегнеме нивно затајување“, објасни Мамер.

Тој рече дека новите мерки ќе се однесуваат на трговијата со Русија бидејќи ЕУ сака да „обезбеди Русија да не прима увоз од други земји“.

Според одредени медиуми, седум кинески компании ќе се најдат на црната листа поради наводи за продажба на опрема што ја користи руската армија.

Од почетокот на руската војна против Украина минатата година во февруари, ЕУ воведе 10 пакет-санкции против Москва.

Мерките се насочени, меѓу другото, кон рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кон забраната за увоз на злато, нафта и јаглен и извоз на луксузни стоки и висока технологија, како и исклучување на руските и белоруските банки од меѓународниот платен систем СВИФТ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кина и сојузниците ќе тргнат против доларот

Следно

Фон дер Лајен утре во посета на Киев, ќе разговара со Зеленски

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop