ЕУ очекува Израел да се одзве и да ги истражи нападите врз УНИФИЛ

1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) објави дека е сериозно загрижена поради израелскиот напад врз мировните сили на Обединетите нации (ОН) во јужен Либан и најави дека очекува Израел под итно да се одзве и да спроведе опсежна истрага во врска со немилиот настан, јавува Анадолу.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се состанаа во Луксембург за да разговараат за случувањата на Блискиот Исток и во Украина.

На почетокот на средбата министрите дадоа заедничка изјава поврзана со минатонеделните израелски напади врз Привремените мировни сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).

„ЕУ ги осудува сите напади врз мисиите на ОН. Изразува сериозна загриженост, особено за нападот на израелската Армија врз УНИФИЛ во Либан“, се вели во писменото соопштение што го сподели високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, кој претседаваше со состанокот.

„Очекуваме итна изјава и сеопфатна истрага од страна на израелските власти во врска со нападите врз УНИФИЛ, кој игра фундаментална улога во стабилноста на јужен Либан“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека постои длабока загриженост за ракетните напади на Хезболах врз Израел.

УНИФИЛ објави дека двајца мировници биле ранети кога израелската Армија го нападнала набљудувачкиот пункт на 10 октомври.

Вчера израелската Армија изврши рација во објектите на УНИФИЛ во јужен Либан и со тенкови ги уништи вратите на објектот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Мицкоски: ЕУ мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел – Македонија прави многу на овој план

Следно

Студио 10: Политика, евроинтеграции, очекувања и обврски

Latest from Blog