Ескобар: Американските санкции не се замена за домашните обвинителства

February 28, 2023
3 mins read

За евроинтеграциите на Северна Македонија, заменик-помошникот државен секретар, порача дека САД поддржуваат што е можно побрза интеграција на земјава и тој може да ја увери ЕУ дека ќе бидеме продуктивна и доверлива членка, како што сме се покажале и во НАТО

Ескобар зборуваше и за во моментов најактуелната тема од регионот – односите меѓу Србија и Косово. За европскиот предлог, кој во јавноста е познат како француско-германски потенцираше дека не се однесува на меѓусебно признавање помеѓу двете држави туку на нормализација на односите. Сепак, за стабилен регион, потенцираше Ескобар, неопходно е сите земји меѓусебно да се признаат

Заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар

Санкциите кои САД ги наметнуваат за корумпирани ентитети, се начин на кој американските власти имаат надлежност да се борат против корупцијата, но најдобар начин за тоа Северна Македонија да го направи дома е преку обвинителствата.

Ваквата порака денеска испрати заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, на брифинг со новинарите од регионот.

Зборувајќи на тема за санкциите за што неодамна во земјава беше и тим од Вашингтон, Ескобар не откри кој од земјава ќе се најде на „црната листа“ на САД бидејќи вели, нивната политика не е да се овозможи претходен увид во тоа.

„Наша политика е дека не можеме да дадеме претходен увид во нашите мерки кои се однесуваат на санкции, но можам да ви кажам две работи – првата е дека имаме намера да ги користиме надлежните за санкции, а тоа е да се бориме против корупцијата не само во регионот, туку и низ светот. Оттука, навистина верувам дека најдобар начин за справување со корупцијата е не преку американски санкции, туку преку домашните обвинителства, преку зајакнување на владеење на правото. Нашите санкции не се замена за домашните институции и процеси за промовирање на владеењето на правото. Затоа, би ја охрабрил владата на С Македонија и владите на другите земји во регионот навистина да се посветат на борбата против корупцијата“,

рече Ескобар.

„Можам да ја уверам ЕУ дека ќе бидете продуктивна и доверлива членка“

Тој зборуваше и за односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и заканите од Софија за ново вето во евроинтеграциите, за што уште еднаш ја истакна важноста од зачленување на земјата во ЕУ и порача дека тој може да ги увери останатите дека земјата ќе биде продуктивна и доверлива членка на Унијата.

„Двете земји се важни НАТО членки и би сакале да видиме дека имаат мирни и продуктивни односи. Во делот на Северна Македонија ќе кажам дека силно го поддржуваме нејзиното интегрирање во ЕУ што е можно побрзо и ќе поддржиме сè што земјата побрзо и мирно ќе ја донесе таму. Ќе продолжиме да работиме со владата на С Македонија за да и помогнеме во постигнувањето на нејзините цели. Земјата е исклучително добра членка на НАТО и јас можам да ја уверам ЕУ дека оваа земја исто така ќе биде продуктивна и доверлива членка на ЕУ“,

рече Ескобар.

„Моркови, а не стапови за Србија и Косово“

На онлајн-средбата со новинарите, тој зборуваше и за останатите отворени прашања од регионот, меѓу кои и најактуелната тема во моментов – односите меѓу Србија и Косово. За европскиот предлог, кој во јавноста е познат како француско-германски потенцираше дека не се однесува на меѓусебно признавање помеѓу двете држави туку на нормализација на односите. Сепак, за стабилен регион, потенцираше Ескобар, неопходно е сите земји меѓусебно да се признаат.

„Силно го поддржуваме дијалогот меѓу Србија и Косово што се води под покровителство на ЕУ. Лидерите на Србија и на Косово се нафатија да продолжат да работат кон договор за нормализирање на односите. Сакаме да нема забуна за предлогот на ЕУ – тој не е за меѓусебно признавање, туку за нормализирање на односите. Но, тоа не значи дека ние не веруваме дека за регионот да се стабилизира неопходно е сите земји меѓусебно да се признаат. Нашето разбирање е дека ќе користиме моркови, а не стапови. Се надеваме дека двете страни ќе ги исполнат своите обврски, ако се постигне договор. Наша позиција е дека е законска обврска, произлезена од Бриселскиот договор, формирање на Заедницата на српски општини. Тоа е реалноста, објективен факт, што се очекува од Косово за да напредува на патот кон ЕУ“,

рече заменик-помошникот државен секретар на САД.

Последниот период, токму од САД и од ЕУ е забележан засилен ангажман за решавање на отворените прашања помеѓу Белград и Приштина. Вчера во Брисел се одржа и повеќечасовна средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, а продолжението на дијалогот е закажано за 18 март во Скопје.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Србија од ЕУ доби неповратни 600 милиони евра за изградба на брзата пруга Белград-Ниш

Следно

Двајца малолетници истепани и ограбени во Петровец

Latest from Blog

Министерот Муцунски во Украина – оддаде почит на украинските херои, ќе се формира Специјален трибунал за злосторствата врз Украина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, престојува во еднодневна посета на Украина, на покана на неговиот украински колега Андриј Сибига. Муцунски учествуваше на Министерскиот состанок на основната група за формирање на Специјалниот

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Основка од скопската населба Бит Пазар била жртва на уцена од страна на свои соученици, кои ѝ се заканувале дека ќе го нападнат нејзиниот помал брат, дете со здравствени проблеми, доколку не

80 години од победата над фашизмот, бројни делегации со почит пред споменикот на партизанските гробишта

Во светот како и во Македонија се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот, кога со капитулација на нацистичка Германија заврши Втората светска војна. Претставници на Сојузот на борците, државни делегации, дипломатски кор

Македонија во трговски минус: Извозот слабо расте, увозот ја тера економијата

Во првите три месеци од 2025 година, Македонија продолжи да се соочува со проблемот на негативен трговски биланс. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на
Go toTop