Ериксен три месеци надвор од терените

January 31, 2023
1 min read

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен се повреди и ќе биде надвор од теренот во следните три месеци, соопшти денеска Манчестер јунајтед.

Премиерлигашот наведе дека нема да бара изнудени алтернативи за повредениот Ериксен во овој преоден рок кој истекува ноќеска на полноќ.

„Тешко е да донесете некого на последниот ден од преодниот рок. Имаме добри играчи во средниот ред, кои можат да ја пополнат празнината. Постои надеж дека Кристијан навреме ќе се врати да ги одигра клучните натпревари во последната фаза од сезоната“, изјави тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

Ериксен дојде во Јунајтед во летниот преоден рок без обесштетување од Брентфорд и досега сезонава за клубот од „Олд Трафорд“ запиша седум асистенции и еден гол.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Еуроњуз“: САД го блокираат влезот на Косово во СЕ до промена на ставот за ЗСО

Следно

И Шеврон сака зелено: долари

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop