Ердоган: „Внимателно ја следиме лицемерната политика на западните лидери во врска со масакрите во Газа“

1 min read

АНКАРА (АА) 

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во Изложбениот салон на Претседателскиот комплекс во Анкара ги прими учесниците на Работилницата за градење капацитети и обука на Меѓународната унија на демократи, известува Анадолу. 

Во своето обраќање пред присатните, претседателот Ердоган рече „Како земја која изгубила десетици свои граѓани кои живеат во странство како жртви на расистички тероризам, не можеме да молчиме пред овие одвратни настани. Денес неонацискичкиот тероризам, поттикнат од омразата кон Турците и сите муслимани, досегна ниво кое им се заканува на животната и имотната безбедност на нашите луѓе“

Ердоган се осврна на однесувањето на западните земји кон случувањата во Газа и истакна:

„Внимателно ја следиме лицемерната политика на западните лидери наспроти масакрот во Газа, кои со години ни држат лекции за демократија и слобода“

За извештаите поврзани со случувњата во Појасот Газа, Ердоган посочи: „Оние кои ги подготвуваат извештаи за човекови права, само ја посматраа смртта на 35.000 Палестинци, од кои 15.000 деца.“

За заштитата на Израел од страна на западните земји, турскиот претседател рече: „Израелските интереси ги исцртуваат границите на западната демократија. Сè што влијае на интересите на Израел е антидемократско и антисемитско во нивните очи“.

„Корисно е да ги потсетам оние кои целат на нас, дека не можете да стигнете никаде претворајќи ја Туркије во непријател. Нам не може да ни се стави етикета на антисемит“, рече претседателот Ердоган за обидите Туркије да се претстави во негативно светло.

За односот на Туркије кон секој вид омраза, претседателот Ердоган истакна:

„На антисемитизмот се спротивтавуваме на ист начин како што се спротивставуваме на исламофобијата, ксенофобијата и сите облици на културен расизам“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Макрон: Не е исклучено испраќање копнени сили во Украина ако Москва ја пробие линијата на фронтот

Следно

Лагумџија: Конечниот предлог за Резолуцијата за Сребреница испратен до ОН

Latest from Blog