Ердоган: Туркиски свет беше меѓу првите организации што помогна по смртоносните земјотреси во Туркије

March 16, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Туркискиот свет била меѓу првите што помогнале по смртоносните земјотреси на 6 февруари во Јужна Туркије, јавува Анадолу.

„Повикавме меѓународна помош. Туркиски свет беше меѓу првите што помогна. Не нѐ оставивте сами во нашиот најтежок момент“, нагласи Ердоган.

„Нашата сакана нација никогаш нема да ја заборави вашата поддршка“, рече Ердоган на отворањето на вонредниот самит на лидерите на Организацијата на туркиски држави (ОТС) во претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

На 6 февруари земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 града – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа, одземајќи им ги животите на речиси 50.000 луѓе.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.

„Уште еднаш ќе покажеме на највисоко ниво дека Туркиски свет е со едно срце и се здружува“, рече Ердоган.

За време на самитот, кој ќе се фокусира на управувањето со катастрофи и вонредни состојби и хуманитарна помош, лидерите ќе елаборираат за мултилатералната соработка и механизмите за координација во борбата против катастрофи и ќе одржат консултации за актуелните предизвици во регионот, се вели во соопштението на организацијата.

ОТС, порано наречена Туркиски совет, е меѓународна организација што се состои од истакнати независни туркиски земји што работат заедно за да ги подигнат односите и унијата меѓу себе.

Нејзини членки се Туркије, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан. Европската држава Унгарија, Туркменистан и Турската Република Северен Кипар имаат статус на набљудувач.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барселона ќе започне преговори со Чави за нов договор

Следно

Експлозија и пожар во зграда на руската тајна служба: Едно лице загина, две се повредени

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop