Ердоган: Туркије ќе продолжи со напорите за мир во Газа додека не се постигнат резултати

January 6, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврди непоколебливата посветеност на Туркије за постигнување мир во Газа, истакнувајќи дека земјата ќе истрае во своите напори „додека не постигнеме резултати“, јавува Анадолу.

Говорејќи по состанокот на Кабинетот, Ердоган му се заблагодари на турскиот народ за неговата континуирана солидарност со Палестинците, нагласувајќи дека минатата недела речиси половина милион луѓе кои демонстрираа во Истанбул покажаа дека Газа не е сама.

„На 1 јануари нашите граѓани испратија моќна порака до светот, покажувајќи ја непоколебливата поддршка на Туркије за Палестина“, рече тој.

„По 61 година угнетување од Баас и 13 години масакри, како што преовладуваа верата, верувањето и трпението во Сирија, ако даде Господ, правдата ќе надвладее и во Палестина, и Сонцето на правдата ќе се пробие низ темнината на угнетувањето“, додаде Ердоган.

Тој ја истакна и долгорочната цел на Туркије во однос на Палестина: „Сигурно ќе се формира независна, суверена палестинска држава со територијален интегритет, заснована на границите од 1967 година, со Источен Кудс (Источен Ерусалим) како нејзин главен град“.

Турскиот претседател ја повика меѓународната заедница да ги поддржи Палестинците и изрази надеж дека новата година ќе донесе мир и олеснување за оние кои страдаат во Газа.

Туркије прави „сѐ што е потребно да ја отвори вратата што повторно ќе ги разгори надежите за мир во Газа“, рече Ердоган, додавајќи дека земјата ќе продолжи со напорите додека не вродат со плод.

– Борбата против тероризмот во Сирија –

Туркије ја покажа својата цврста посветеност на својот опстанок и безбедност, рече Ердоган, додавајќи дека доколку е потребно, користејќи една од неговите познати фрази, „Можеме да дојдеме ненадејно една ноќ“.

„Единствената судбина што ги чека оние кои претпочитаат терор и насилство е да бидат погребани со своето оружје“, рече тој.

„Туркије нема да прифати расцепкување на Сирија или нарушување на нејзината унитарна структура“, порача Ердоган, нагласувајќи дека ќе се преземе брза акција доколку се појави одреден ризик.

„Вложувањето на Анкара во одбранбената индустрија не се наменети за подготовка за војна, туку за зачувување и одбрана на мирот, независноста, иднината и суверенитетот“, додаде турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Делегација на Анадолу ја посети Сириската новинска агенција со цел зајакнување на соработката

Следно

Мицкоски утре на свечена божествена литургија во Соборниот храм

Latest from Blog

Најмалиот етно музеј во Џепчиште, најголема училница за културно наследство

Викендичката во тетовско Џепчиште во која од 1991 година Симеон Златев-Моне чува околу 2000 стари предмети, освен што наликува на мал етнолошки музеј, претставува и една голема училница за културно наследство. Тука
Go toTop