Ердоган: „Туркије е загрижена за растечката антиисламска реторика во Европа“

February 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије е загрижена поради растечката антиисламска реторика во Европа, особено во скандинавските земји, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Загрижени сме поради сѐ поголемата антиисламска реторика и дејствија во Европа, особено во скандинавските земји“, рече Ердоган во текот на телевизиски настап во Анкара, осврнувајќи се на неодамнешното палење на примерок на Куранот во Шведска, Данска и Холандија.

Како што рече, Туркије очекува „искрени чекори од Шведска во борбата против исламофобијата“.

„Очекуваме Шведска и Финска во целост да ги испочитуваат обврските од трилатералниот меморандум“, порача Ердоган, мислејќи на договорот потпишан во јуни минатата година меѓу Туркије и двете нордиски држави за нивниот влез во НАТО.

Нарекувајќи го Меморандумот за разбирање „мапа на патот“, Ердоган рече дека е неопходно земјите да ги исполнат своите ветувања, особено во борбата против тероризмот.

Турскиот претседател нагласи дека извинувањето од Шведска „нема да ги реши проблемите“, додавајќи дека таа држава станала „безбедно засолниште за терористичките организации“.

Осврнувајќи се на војната во Украина, Ердоган рече:

„Не можам да кажам дека испраќањето тенкови во Украина би можело да биде елемент на решението. Сево ова е ризично.“

Ердоган подвлече дека ќе продолжи со разговорите со лидерите на Русија и Украина со цел да се изнајде начин за обезбедување траен мир.

Во врска со тензиите со Грција, турскиот претседател рече дека Туркије „нема само да стои настрана додека Грција презема акции што ја загрозуваат нејзината безбедност“ и вети дека Анкара „ќе реагира и правно и на терен“.

„Неодамнешниот став на Грција кон Туркије е против духот на добрососедските односи и НАТО-сојузот“, рече Ердоган и повтори дека Атина ги наоружува островите во Источниот Медитеран кршејќи го меѓународното право.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарскиот парламент усвои декларација со која остро го осуди насилството над македонските Бугари во РСМ

Следно

Тројца загинати и осуммина повредени од проектил кој погоди станбена зграда во Украина

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop