Ердоган со официјална церемонија го пречека финскиот претседател Нинисто

March 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија во Претседателскиот комплекс во Анкара го пречека финскиот претседател Сауло Нинисто, јавува Анадолу.

Турскиот претседател Ердоган го пречека својот фински колега на главниот влез на Претседателскиот комплекс.

Во рамки на церемонијата беа интонирани химните на двете земји, а потоа Нинисто ја поздрави гардата.

На церемонијата беа поставени знамињата на 16-те туркиски држави што се формирани во историјата и нивните војници.

По пречекот, Ердоган и Нинисто се фотографираа пред знамињата на Туркије и Финска.

Ердоган и Нинисто потоа преминаа на тет-а-тет средба, а по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција.

Исто така, Ердоган ќе има и работен ручек со Нинисто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ѓукановиќ: Вонредни парламентарни избори на 11-ти јуни

Следно

ОН ќе дадат сè од себе за да обезбедат интегритет и континуитет на договорот за жито

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop