Ердоган: Путин може да ја посети Туркије во април за „првиот чекор“ кон нуклеарната централа „Аккују“

March 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин може да ја посети Туркије за официјално на нуклеарната централа „Аккују“ да ѝ додели статус на нуклеарна постројка на 27 април, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолу.

„Путин би можело да биде присутен на 27 април или заедно ќе се поврземе онлајн, се надеваме дека ќе го направиме првиот чекор“, рече Ердоган во интервјуто што во живо го пренесуваа турските медиуми А Хабер и АТВ.

Турскиот претседател рече дека „Аккују“ е една од „незаменливите инвестиции“ на Туркије, додавајќи дека постројката ќе ѝ помогне на земјата „сериозно да складира енергија“.

„Аккују“, која моментално се гради во јужната турска област Мерсин, ќе биде прва нуклеарна централа во земјата.

Првиот реактор на електраната „Аккују“ би требало да биде во функција во 2023 година, а целата постројка би требало да биде ставена во функција до 2025 година. Проектот започна со меѓувладин договор во 2010 година помеѓу Туркије и Русија.

Централата, која се очекува да има инсталирана моќност од 4.800 мегавати и четири реактори, треба да започне со производство на електрична енергија кон крајот на оваа година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата донесе одлука за основање Центар за култура на турската заедница

Следно

Русија ги постави условите за мировни преговори со Украина

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop