Ердоган: Продолжуваме со инвестициите, производството и извозот

April 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, воедно и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека е многу важно Туркије да остане силна и стабилна и во наредниот период, јавува Анадолу.

„Република Туркије нема друг избор освен да остане силна и дополнително да ја зголеми својата моќ за да не падне назад во јамата на политичкото и економското ропство“, рече Ердоган во обраќањето во турската престолнина Анкара на претставувањето на изборната програма на АК Партијата и кандидатите за изборите за државниот Парламент.

„Во овој критичен период кога повторно се воспоставуваат глобалните рамнотежи, многу е важно на чело на државата да имаме кадри со искуство и влијание на АК Партијата“, додаде Ердоган.

Особено го нагласи значењето на економскиот напредок на земјата.

„Целта на Туркије се 90 милиони туристи и 100 милијарди долари приход од туризмот и соодветно на тоа ги динамизираме инвестициите и промоцијата. Исто така, благодарение на економскиот раст ќе отвориме шест милиони нови работни места за пет години и ќе ја намалиме стапката на невработеност на седум отсто“, рече Ердоган.

„Ќе продолжиме со инвестициите, производството и извозот додека не ја достигнеме целта нашата земја да достигне обем на надворешна трговија од билион долари“, додаде тој.

Нагласи и дека во наредниот период посебно внимание сакаат да посветат на фармацевтската и медицинската индустрија.

„Во претстојниот период планираме да ги зголемиме развојните и производствените капацитети на земјата во фармацевтскиот и медицинскиот сектор и на тој начин да оствариме исчекор сличен на оној што го имаме во одбранбената индустрија“, рече Ердоган, напоменувајќи дека е многу важно земјата да остане стабилна.

„Ќе осигуриме Туркије, благодарение на нејзината стабилност, да продолжи да чекори по својот пат како остров на мирот и довербата во време кога се сè поголеми предизвиците со кои се соочуваат светот и нашиот регион“, рече тој.

Претседателските и парламентарните избори во Туркије ќе се одржат на 14 мај годинава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вакцините никогаш не спречуваа трансмисија на вирусот

Следно

Русија ги обвини САД дека развиваат биолошко оружје во близина на руските граници

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop