Ердоган: Не постои причина да не се обноват односите меѓу Анкара и Дамаск

1 min read

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека нема причина Туркије да не ги обновува односите со соседна Сирија, јавува Анадолу.

„Не постои причина да не се воспостават (односите со Сирија)“, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул.

Тој нагласи дека Анкара нема планови или цели да се меша во внатрешните работи на Сирија.

„Како што некогаш ги развивавме односите меѓу Туркије и Сирија, повторно ќе дејствуваме заедно на ист начин“, додаде тој.

Турско-сириските односи забележаа пад во 1998 година, кога Туркије ја обвини Сирија дека ја поддржува ПКК, терористичка организација одговорна за смртта на десетици илјади во нејзината повеќедецениска терористичка кампања против Туркије.

Тензиите дополнително ескалираа во 2011 година поради почетокот на Сириската граѓанска војна и последователниот прилив на мигранти кој изнесуваше над 4 милиони.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Канцеларијата за човекови права на ОН крајно загрижена поради тензиите меѓу Либан и Израел

Следно

Шест милиони евра за сајбер безбедност, а институциите хакирани

Latest from Blog