Ердоган ја критикуваше одлуката на САД да ѝ дозволи на Украина да користи тактички ракетен систем во Русија

November 20, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека не ја одобрува одлуката на САД да и дозволи на Украина да го користи тактичкиот ракетен систем (ATACMS) против Русија, јавува Анадолу.

„Прво и основно, ние не ја сметаме оваа одлука за правилна ниту, пак, ја одобруваме“, рече Ердоган, говорејќи пред новинарите на враќање од Бразил.

Тој го критикуваше влијанието на таквите акции врз војната помеѓу Русија и Украина, која трае повеќе од 1.000 дена, а започна во февруари 2022 година.

„Бајден направи потег што може да се протолкува како поттикнување војна (меѓу Русија и Украина) и овозможување таа никогаш да не заврши, па дури и да се прошири.“

Тој предупреди дека ескалацијата на тензиите помеѓу Русија и Украина може да има пошироки глобални последици.

„Ова може да ги доведе регионот и светот на раб на голема војна. Менталитетот ‘нека се погрижи иднината за себе’ не оди никаде“, рече турскиот претседател.

Зборувајќи за прашањата за националната безбедност, Ердоган ја потврди посветеноста на Туркије на борбата против тероризмот дома и во странство.

„Туркије е решена да стави крај на прашањето за тероризмот без толеранција кон структурите надвор од границите што претставуваат закана за земјата“, нагласи Ердоган.

Тој, исто така, го повика сирискиот режим да преземе поголема одговорност во борбата против тероризмот, особено во однос на терористичките организации ПКК и ЈПГ.

„Како што правиме напори да го исушиме ова мочуриште, така и сириската администрација треба да се вклучи во слични напори.“

Осврнувајќи се на Сирија, Ердоган повтори дека Туркије е подготвена за новата динамика по повлекувањето на САД.

„Туркије е подготвена за новата ситуација што произлегува од повлекувањето на САД од Сирија и сегашната реалност, а националната безбедност е пред сѐ друго“, вели тој.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, вклучително деца, жени и постари лица.

Ердоган, исто така, се осврна на тековната закана од терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за неуспешноот пуч во 2016 година против турската Влада, нагласувајќи ја внимателноста во турските институции.

„Никогаш не може да бидеме самозадоволни во борбата против ФЕТО. Сите наши институции се во состојба на висока готовност против обидите за инфилтрација на ФЕТО“, заклучи тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот

Следно

Четириесетина претставки за загрозена животна средина годинава до Омбудсманот, половината се за загадениот воздух

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop