АНКАРА (АА) – Претседателот Реџеп Таип Ердоган го осуди синоќешниот напад на божиќниот базар во германскиот град Магдебург, известува Анадолу.
„Најостро го осудувам синоќешниот грозоморен напад на божиќниот базар во Магдебург, Германија. Изразувам сочувство до семејствата на загинатите во нападот, до пријателскиот народ и владата на Германија, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. “, рече Ердоган во пораката објавена на социјалните мрежи.
Бројот на загинати во смртоносниот напад со автомобил на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург се искачи на 4, а повеќе од 200 лица се повредени, објавија денес локалните медиуми.
Извор: Anadolu Agency (AA)