Ердоган го осуди израелскиот напад: Џамијата „Ал Акса“ е нашата црвена линија

April 6, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, остро го осуди израелскиот напад врз џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ал Кудс/Ерусалим и додаде дека чувствува тага и гнев, јавува Анадолу.

„Туркије не може да молчи пред нападите. Нападот на џамијата ‘Ал Акса’ и газењето на светоста на Харам ал Шариф е нашата црвена линија“, рече Ердоган по ифтарот со пензионерите во главниот град Анкара.

Неговите изјави следуваа откако ескалираа тензии по приведувањето на околу 350 верници од страна на израелската полиција од комплексот на џамијата „Ал Акса“.

Група Палестинци се забарикадираа во молитвената сала „Ал-Кибли“ во комплексот на џамијата „Ал Акса“ откако еврејските доселеници повикаа на напад врз џамијата.

Опколувајќи ја молитвената сала „Ал-Кибли“, израелската полиција се качи на покривот на џамијата, ги скрши прозорците и употреби звучни бомби врз верниците што беа внатре.

„Ги осудувам подлите постапки против првата кибла на муслиманите и повикувам нападите да запрат што е можно поскоро“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека Израел ја следи политиката на угнетување, Ердоган порача дека палестинскиот народ не е сам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Над 5 000 велосипеди украдени последниве пет години – зошто е тешко да се откријат и украденото и крадците

Следно

За еден ден изречени казни за 114 возачи во Скопје

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop