Ердоган: „Додека ние победуваме никој во Туркије нема да изгуби“

May 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на вториот круг претседателски избори во Туркије, што ќе се одржат на 28 мај, изјави дека неговата Народна алијанса веќе започнала со подготовките, пренесува Анадолу.

„Волјата изразена на гласачките места е света. Нашата Алијанса веднаш почна да се подготвува за изборите на 28 мај. Имав средби со сите партиски лидери“, рече Ердоган за време на гостувањето во живо на „Си-ен-рн Турк“ и „Канал Д“, по претседателските и парламентарните избори одржани во неделата.

„Отсекогаш сум го велел тоа, а сега ќе повторам, кога ние победуваме никој во оваа држава нема да изгуби“, рече Ердоган и додаде:

„Сите анкети пропаднаа. Се појавија десетици лажни анкети. Мојот народ ја покажа вистинската анкета на 14 мај, мојот народ ќе ја направи финалната анкета на 28 мај.“

Додаде дека секогаш биле искрени во ветувањата кон граѓаните.

„Нашата кампања ја водевме на принципите на искреност, вистина и братство. Секогаш бевме искрени и чесни кон нашиот народ, не лажевме и не кажувавме само празни приказни. Никогаш не го ветувавме она што не можевме да го исполниме. Никогаш не ја потценивме интелигенцијата, мудроста и далековидоста на нашата нација, стоиме зад сите ветувања што ги дадовме на предизборните митинзи“, рече Ердоган.

Милиони гласачи излегоа на гласање во неделата за да изберат претседател и членови на 600-члениот Парламент.

Народната алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија), освои мнозинство во Парламентот.

На претседателските избори ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови, па во новата изборна трка на 28 мај ќе одат актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во првиот круг освои 49,5 отсто од гласовите, и лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу кој е во првиот круг доби 44,89 отсто од гласовите.

Одѕивот на гласачите на изборите во земјата беше 88,92 отсто, а одзивот на турските државјани во странство 52,69 отсто.

Ердоган особено ја поздрави високата излезност, им се заблагодари на гласачите за излезноста на изборите во неделата и додаде дека истото го очекува и во вториот круг од претседателските избори на 28 мај.

„Би сакал да им се заблагодарам на граѓаните за рекордната излезност. Имавме прекрасен празник на демократијата што ѝ доликува на Туркије“, рече Ердоган.

На крајот истакна дека не размислува премногу за митинзите и дека е важно да продолжи да дава поддршка на граѓаните погодени од земјотресите.

„Овој викенд ќе посетам некои подрачја погодени од земјотресот. Не размислувам многу за одржување собири, но можеме да одржиме состаноци и во регионот погоден од земјотресот“, рече актуелниот турски претседател.

Истакна дека ќе продолжи да одржува контакти со сите светски лидери во согласност со интересите на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Град Скопје со изведба на теренски вежби за спасување од под урнатини   16.5.2023

Следно

Студија: Повеќе од 4,5 милиони луѓе загинаа во војни по терористичките напади на 11 септември во САД

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop