ЕП отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија

March 11, 2025
1 min read

Европскиот парламент (ЕП) ќе отвори канцеларија во Албанија за дополнително зајакнување на својот ангажман во Западен Балкан, јавија албанските медиуми цитирајќи синоќешно соопштен  од таа институција.  Според соопштението на ЕП, новата канцеларија на ЕП во Тирана ќе служи како клучна точка за контакт меѓу ЕП и националните парламенти, граѓанското општество и локалните партнери од Западен Балкан, „во контекст на зголемените геополитички тензии и обновениот моментум на проширувањето на ЕУ“. 

Канцеларијата ќе ги промовира позициите и активностите на ЕП, особено во однос на процесот на пристапување во ЕУ, и ќе ја поддржи демократијата и институционалните реформи во регионот, се додава во соопштението.

Исто така, ќе обезбеди помош во подготовката и следењето на официјалните посети на членовите на Европскиот парламент и ќе ја зајакне соработката со другите актери на ЕУ на терен, како и со меѓународните и граѓанските организации.

Се нагласува дека ЕП доследно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан „признавајќи ја неговата стратешка важност за регионалната стабилност и поширокиот европски проект“. Формирањето на таа канцеларија „ја одразува пошироката стратегија на ЕУ за продлабочување на ангажманот со земјите кандидати“, наведуваат албанските медиуми.
 
Виталната потреба за зајакнување на партнерството на ЕУ во Западен Балкан станува се појасна со оглед на актуелните геополитички предизвици, вклучувајќи ја и руската војна во Украина. „Формирањето на канцеларија на ЕП во Тирана ја нагласува силната посветеност на Парламентот за поддршка на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, истовремено поттикнувајќи ја стабилноста, демократијата и поблиските односи меѓу ЕУ и нејзините соседи“, се заклучува во соопштението.
 
Во моментов, ЕП има три оперативни претставништва – во Њујорк, Џакарта и Адис Абеба и одлучи да отвори канцеларија во Молдавија за дополнително да го зајакне својот ангажман во регионот на Источното партнерство.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиљановска Давкова на средба со Алијев во Баку

Следно

Откриени деталите за драмата во Ц. Гора: Пет часа потрага по Ивица Костелиќ, „хорор“ во бранови високи четири метри!

Latest from Blog

Ристески ги разоткрива тендерските шеми за тоа каде завршуваат парите од унгарскиот кредит за општина Аеродром?

СДСМ како одговорна опозиција минатата недела постави прашања каде завршуваат парите од унгарскиот кредит, којшто во поголем дел е наменет за поддршка на општините. Во таа насока се отвораат серија прашања, кои

Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона

Судскиот процес против седумчлениот лекарски тим кои се обвинети за смртта на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Диего Армандо Марадона почна денеска во Аргентина. Процесот во судот во предградие

Судот одлучи: Ратко Капушевски во притвор, Пуцко во куќен притвор

Судија на претходна постапка вечерва одреди притвор за Ратко Капушевски, а куќен притвор за Асмир Јахоски. По разгледување на изнесените аргументи од страна на Јавниот обвинител и осомничените, како и нивните бранители,

Спасовски: Со интерпелациите власта прави дискриминација на дел од членовите во Судскиот совет

Пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на деншената собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет, нагласи дека интерпелација во којашто еден дел од членовите на судскиот

Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет, Спасовски обвини дека интерпелациите се неуставна категорија

Собранието на денешната седница со 73 гласа изгласа недоверба на членот на Судскиот Совет Тања Чачарова Илиевска. Со 75 гласа пак, Собранието изгласа недоверба и на членот на Судскиот Совет Миљазим Мустафа.
Go toTop