ЕНИГМАТА НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ОСТРОВ КОНЕЧНО РЕШЕНА

November 27, 2025
2 mins read

Една од најдолговечните
археолошки загатки – потеклото на масивните камени статуи на Велигденскиот
Остров – конечно доби одговор.

Новите
научни докази откриваат дека скулптурите, познати како моаи, не се дело на една
централизирана и моќна поглаварска структура, како што долго се
претпоставуваше, туку производ на мали, независни кланови.

Напредно 3D моделирање

Претходните
теории опишуваат дека за изградба и преместување на колосалните статуи, тешки
меѓу 12 и 80 тони, биле потребни стотици работници и високо организирана
хиерархија.

Меѓутоа,
новите археолошки истражувања покажуваат сосема поинаква слика за општеството
на оддалечениот остров во Пацификот, со древен назив Рапа Нуи.

Научниците
со помош на напредно 3D моделирање на главниот каменолом Рано Рараку идентификувале
дури 30 индивидуални работилници, јасно одвоени со природни камени формации.

Во
секоја од нив биле пронајдени траги од специфични техники на клесање, уникатни
уметнички стилови и карактеристичен избор на локација за ископ, пренесува Daily
Mail
.

Различни уметнички традиции

Главниот
автор на студијата, професорот Карл Липо, објаснува:

„Гледаме
одвоени работилници кои навистина се совпаѓаат со различни кланови. Секоја
група интензивно работи во својот простор. Од самата структура на каменоломот јасно
се гледа низа статуи што припаѓаат на една група, па потоа на друга и
понатаму“.

Според
наодите, одделни работилници најпрво ги обликувале скулптурите во пределот на
лицето, а дури потоа го формирале остатокот од телото. Други најнапред ја
издвојувале целата камена маса пред да ги оформат цртите на лицето. Трети
работеле хоризонтално, „од страна“ навлегувајќи во карпата.

Првите
статуи се создаваат околу 1200 година од нашата ера, а посебно фасцинира фактот
што неколку имаат изразено женски црти, што укажува на различни уметнички
традиции на островот.

Археолошки Дизниленд“

Професорот
Липо го опишува каменоломот Рано Рараку како „археолошки Дизниленд“, полн со
информации, но и покрај тоа недоволно документиран до денес.

Со
користење дронови, истражувачите направиле 22.000 фотографии, од кои бил
создаден исклучително детален 3D модел. Тој не само што го зачувува сегашниот
изглед на локалитетот, туку открива и елементи кои не можат да се видат од
земја.

„Можете
да ги видите врвовите, страните и зоните што физички не можат да се достигнат.
Картата ни отвори сосема нови перспективи“, наведува професорот.

Камените статуи „оделе“

Оваа
студија ги поддржува сè поголемиот број докази дека за изградба и транспорт на
моаи статуите не биле потребни стотици луѓе, како што долго се сметало.

Порано
се верувало дека жителите на Велигденскиот Остров ги влечеле статуите положени
на грб, што би барало огромна сила и многу учесници. Меѓутоа, подоцнежните
истражувања покажуваат дека статуите „оделе“.

Антрополозите
демонстрирале дека скулптурите можат да се движат со помош на јажиња врзани на
левата и десната страна од главата. Со наизменично повлекување, статуата се
нишала и се движела напред во цикцак.

Експериментите
покажале дека за „одење“ на статуата се потребни само 18 луѓе, а по почетното
занишување, учесниците можеле да ги држат јажињата и со една рака.

Патеките
по кои се движеле статуите, таканаречените моаи-патишта, имале карактеристична
конкавна форма широка околу 4,5 метри, што овозможувало постабилно движење.

Поделба на самостојни заедници

Според
новите процени, за изработка на една статуа биле потребни четири до шест
резбари и 10 до 20 дополнителни работници кои носеле алатки, изработувале јаже
и помагале во основните задачи.

Ова
совршено се вклопува во теоријата дека Велигденскиот Остров никогаш не бил
политички обединет, туку поделен на бројни, самостојни семејни заедници –
кланови, истакнуваат научниците.

„Кога
ќе го погледнеме бројот на луѓе потребни за да се помести статуата, потоа
работилниците и големината на заедниците, сите елементи се вклопуваат. Моаите
се дело на мали групи, а не на голема централизирана сила“, заклучува
професорот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Проданоски: Соработката меѓу факултетот и бизнис секторот е инвестиција во иднината на Прилеп

Следно

ЕУ нема иднина ако остане заглавена во минатото, порача Василевска во Стразбур

Latest from Blog

ФОТО: Извидувачко-разузнавачкиот баталјон го одбележа Денот на единицата

Со воена свеченост во касарната „Илинден“ – Скопје беше одбележан „27 ноември – Ден на извидувачко-разузнавачкиот баталјон“ од составот на Командата за операции (КО). Со воена свеченост во касарната „Илинден“ – Скопје

ЕУ нема иднина ако остане заглавена во минатото, порача Василевска во Стразбур

Европскиот континент не ќе може да се движи кон иднината, доколку живее во теми од пред неколку векови, истакна македонската пратеничка и копретседавачка со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија, Иванка Василевска

Проданоски: Соработката меѓу факултетот и бизнис секторот е инвестиција во иднината на Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денес присуствуваше на „Quadruple Helix Forum“ во организација на Економскиот факултет – Прилеп, каде што повторно беше нагласена важноста од поврзувањето меѓу академската заедница, бизнис секторот, студентите

Советот на Битола со клучна одлука: Урбанистичките планови од 2020 повторно се активираат

На денешната 3-та седница, Советот на Општина Битола разгледа обемен дневен ред со 59 точки, меѓу кои најзначајна беше измената и дополнувањето на Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови за
Go toTop