Хонг Конг: Бројот на жртви во пожарот се искачи на 65

November 27, 2025
1 min read

Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 65, повредените на 70, а повеќе од 300 лица се водат како исчезнати, објавија денес локалните власти.

Во соопштението се наведува дека се подготвува официјално барање до Пекинг за помош и поддршка, како и дека за преживеаните е обезбедено привремено сместување со парична отштета.

Генералниот секретар на администрацијата, Ерик Чан, изјави дека ќе се спроведе „сеопфатна истрага“, вклучувајќи кривична истрага од страна на полицијата, како и истрага од страна на локалното Министерство за домување за тоа дали заштитниот материјал на надворешните ѕидови на зградата ги исполнува противпожарните стандарди, јавува Би-Би-Си.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка со најголем дневен промет

Следно

Советот на Битола со клучна одлука: Урбанистичките планови од 2020 повторно се активираат

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop