Еквадор го потресе земјотрес со интензитет од 6,7 степени, загинаа најмалку 14 лица

March 20, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Најмалку 14 лица загинаа од последиците предизвикани од земјотресот што пред два дена ја потресе јужноамериканската земја Еквадор, известува Анадолу.

Епицентарот на земјотресот со интензитет од 6,7 степени е регистриран на 6 километри североисточно од градот Балао, на длабочина од 65,7 километри.

Досега се извлечени телата на 14 лица, а повредени се 446 лица.

Од земјотресот најмногу се погодени градовите Ел Оро и Азуај.

Продолжуваат акциите за пребарување и спасување на луѓето кои се наоѓаат под урнатините.

Според вестите објавени во локалните медиуми, во земјотресот се уништени најмалку 360 згради.

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо, ги посети градовите погодени од земјотресот.

Земјотресот е почувствуван и во соседен Перу. Во оваа земја од последиците од земјотресот животот го загуби четиригодишно девојче, а 73 лица се повредени во градот Тумбес, во северниот дел од земјата.

По земјотресот не е дадено предупредување за можно цунами.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ѓукановиќ не се дава: Знаеме каде е „резервоарот“ за вториот круг, ќе го активираме за конечен триумф

Следно

Денеска форумска сесија во Аеродром – граѓаните може да дадат предлози за локалните политики

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop