Егзекуцијата на Акбари за Лондон е „кукавички чин на варварски режим“

January 14, 2023
1 min read

Алиреза Акбари, Иранец кој имаше и британско државјанство, беше егзекутиран поради наводно шпионирање за странски сили.

Поранешниот заменик-министер за одбрана на Иран беше уапсен во 2019 година и осуден за шпионирање во корист на Велика Британија. На семејството на Акбари, кој имаше и британско државјанство, му беше дозволена последна посета пред извршувањето на смртната казна.

Алиреза Акбари, фото: ЕПА

Британскиот премиер Риши Сунак егзекуцијата ја нарече „безобразен и кукавички чин, извршен од варварски режим“.

„Иранското раководство не ги почитува човековите права на сопствениот народ. Моите мисли се со пријателите и семејството на Алиреза“,

изјави Сунак.

Иранските медиуми, под контрола на државата, обајвија дека Акбари бил обесен, без да се прецизира кога е извршена егзекуцијата. Официјален Техеран опиша Акбари како еден од најважните агенти на британската разузнавачка служба во Иран. Иранските служби објавија видео запис на кој Акбари дава признание, кое наликуваше на принудена изјава, за своите дела. Но, персискиот сервис на Би-Би-Си во средата емитуваше аудио порака од Акбари во која тој вели дека бил мачен и принуден пред камера да ги признае злосторствата кои не ги извршил.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Покажавме во општина Гази Баба дека промените можат да се случат и тие стануваат реалност, во 2023-та за капитални инвестиции ќе се инвестираат повеќе од 150 милиони денари

Следно

Иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари погубен поради шпионажа

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop