Египет ќе се приклучи кон тужбата против Израел пред Меѓународниот суд на правдата

1 min read

КАИРО (АА) – Египет денес соопшти дека ќе се приклучи кон тужбата за геноцид што Јужноафриканската Република ја поднесе против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) поради израелската смртоносна офанзива во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека потегот е преземен „поради сериозноста и обемот на израелските напади врз палестинските цивили во Газа и систематското таргетирање цивили и уништувањето на инфраструктурата во Појасот.“

Повеќе од 35.000 Палестинци загинаа, а над 76.600 се повредени во бруталните израелски напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас минатиот октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Седум месеци по почетокот на конфликтот, огромни делови од Газа се во урнатини, каде постои целосна блокада на храна, чиста вода и лекови.

Во привремената одлука на судот со седиште во Хаг од јануари се вели дека е „веродостојно“ дека Тел Авив врши геноцид во Газа, наредувајќи му да ги запре ваквите акти и да преземе мерки за гаранција хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

Јужноафриканската Република во петокот побара од МСП да му нареди на Израел да се повлече од Рафа како дел од дополнителните итни мерки за војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Анчелоти: Во моментов не размислувам за евентуална преселба на Мбапе во Реал

Следно

ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада

Latest from Blog